+389 72 207 487
  • ИПАРД
  • Објавен ИПАРД јавен повик за МЕРКА 7: 14 милиони евра неповратна финансиска поддршка

    Денеска 05.11.2024 год., Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го објави новиот јавен повик бр. 02/2024 за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата. Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци за инвестиции во следните приоритетни сектори:

    • Поддршка на руралниот туризам
    • Алтернативно земјоделско производство
    • Преработка на алтернативни земјоделски производи
    • Производство на храна и пијалаци
    • Поддршка на занаетчиски активности
    • Поддршка на услуги за руралното население, само следните подсектори:
      • Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.)
      • Услуги за дневно згрижување на деца
    • Поддршка на услуги во земјоделството, само следниот подсектор:
      • Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби

    На јавниот повик може да аплицираат  физички и правни лица  кои ги исполнуваат критериумите за подобност. Прифатливи трошоци во рамки на инвестициите се изградба/реконструкција на објекти, набавка на нови машини, опрема, фотоволтаици итн.

    Јавниот повик ќе трае 45 дена, а крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 20.12.2024 год.